Со грешни дела си се приближила до вратите на пропаста, но Оној Кој ги сотре
вратите на пеколот со силата на Своето Божество, ти ги отвори тебе вратите на
покајанието, сефалена светителко, зашто Он Самиот е врата на животот.
Утрена, петта недела од Постот
Тропар на
света Марија Египетска
Поуки од светите отци: Кога Бог строго би
ги испитувал делата кои Му се противни, ние не би живееле ниту еден
ден.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Подај ни, Боже, јасно да го согледаме она што
ни носи мир. Во ова подобно време да итаме да чиниме дела, заради мир и добра
волја, секаде околу себе и во светот. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите: 9, 1-7
Свето Евангелие
по Лука: 1, 19-49, 56
Созерцание: Зашто нема да остане во Бога ниеден збор без
сила.
Свето Евангелие по Лука: 1, 37
Подготви:А.Л.
Свети Георгиј Исповедник
Заради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, којшто ги ништеше Светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри епископи стана во заштита на Светите икони. За ова беше исмеан и од царот протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Заради својата голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на животот и после смртта.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)