Скопје, 10 април 2013 год.-
На изложбена површина од 3.000 квадратни метри, во „Метрополис-арената“ на Скопскиот саем започна јубилејниот 25. меѓународен Саем на книгата, кој на едно место има најголема концентрација на дела од домашни и од странски автори, класична и современа, стручна, научна и белетристична литература, енциклопедии и друго.
Меѓу 60-те изложувачи на саемот излага и Македонската православна црква. Митрополитот Европски г. Пимен, на втор ден од саемот го посети штандот на МПЦ-ОА, a потоа направи обиколка на другите излагачи ,и ја збогати неговата лична библиотека со најнови продукциски изданиа.

Преминпортал (к.т.)
10 април, лето Господово 2013