На 07. 04. 2013 година, во третата, Крстопоклона недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го чествува споменот на Светото Благовештение, во Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“ на Тиквешкото езеро, се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на јеромонахот Атанасиј и јероѓаконот Пајсиј. На Литургијата присуствуваа и игуманијата на манастирот, монахињата Магдалена, како и останатите искушенички при ова сестринство.