Христе, Спасителу мој, постанав налик на човекот кој паднал помеѓу разбојници, кој беше ранет и лежеше полумртов, зашто поради моите гревови, раните ми се уште потешки од неговите.
Ограбен, тој викаше плачејќи: »Спасителу, тешко сум ранет, не оставај ме на разбојниците.« Така и јас Тебе Ти се молам, милостив Господи, спаси ме.
Умот мој е бичуван од злобните разбојници и лоши помисли со камшикот на гревовите. Исцели ме, Христе Спасителе мој и спаси ме, зашто си богат во милоста Своја.
Утрена, четврта недела од постот
Поуки на
светите отци: Но да бидеме храбри, сите ние, страсни и немоќни, и со
непоколеблива вера како со десница да се принесеме на Христа и да ја признаеме
немоќта и слабоста на својата душа. Он неизоставно ќе ни помогне и повеќе
отколку што заслужуваме, само ако непрестајно се држиме со длабоко
смиреномудрие.
Свети Јован Лествичник
Молитва:
Господи, со срце и со ум Ти
воскликнуваме: помогни ни, гледајќи ја минливоста и тленоста на овој свет, да не
заборавиме дека Си секогаш со нас. Дај ни сила да ги издржиме промените кои се
случуваат во светот и спаси и помилуј ги луѓето Твои и сиот Твој свет. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 14,
24-31
Битие 8, 21-22; 9, 1-7
Соломонови Изреки 11, 29-31; 12, 1-6
Созерцание: Плодот на праведникот е дрво на животот, а безбожниците предвреме ќе бидат земени. Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечестивиот и на грешникот.
Соломонови Изреки 11, 30-31
Подготви: А. Л.
† Собор на св. арх. Гаврил
Светиот Архангел Гавриил
Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж - Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж - Бог, крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На овој број некои им го додаваат и Еремиил. Секој од нив има посебна служба, а сите тие се рамночесни. Зошто Бог не го испрати Михаил? Зашто неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера. А службата на Гавриил е благовестење за човековото спасение.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)