Господи, доброволно Си ги раширил Твоите раце на Крстот, исполни нè со светлината Твоја во постот и молитвата, воздржанието и милостината и удостој нè да се поклониме на Крстот Твој со умилно срце, зашто Ти Си благ и човекољубив.
Вечерна воочи Крстопоклона Недела
Поуки на светите отци: Ако ти искрено и од срце
простиш, Бог на истиот начин тебе ти простува.
Свети Јован
Златоуст
Молитва:
Господи, Ти благодариме зашто со
Крстот Твој си нè повикал во заедницата на Твојата света Црква. Дај ни секогаш
да се сеќаваме на Твоите зборови полни со љубов: »Кога направите на еден од овие
најмали, и Мене Ми направивте«. Научи нè да живееме по овие зборови.
Читање од Светото Писмо:
Послание до
Евреите 10, 31-38
Свето Евангелие по Марко 2, 14-17
Созерцание: ...И Исус им рече: »Не здравите
имаат потреба од лекар, а болните«.
Свето Евангелие по Марко 2, 17
Подготви: А.Л.
Преподобен Захарија
Син на Карион Мисирецот, којшто ги остави жената и децата и се замонаши. Захарија го зеде кај себе неговиот татко, бидејќи мајка му не можеше да го прехрани. Иако многу помлад од многумина старци во Скитот, се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гори целата внатрешност. На прашањето на Св. Макариј кој е вистински монах, Захарија одговори: „Оној којшто непрестајно се принудува себеси на заповедите Божји“. А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захарија ја симна камилавката, ја изгази со нозете, па рече: „Ако човекот не се смири не може да биде монах!“ Беше големо светило меѓу монасите во пустината и млад се упокои во Господ.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)