Скопје,5-ти април 2013 год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 5-ти април 2013 година, во третата недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот свештеномаченик Никон , во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината отец Трајче во сослужние на свештенството од храмот, во присуство на многубројниот верен народ меѓу кој и сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова, отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На певницата псалтите од Македонската Православна Богословија на Бога Му принесуваа псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
Свети Силуан Атонски
Луѓето што се просветлени со крштение, веруваат во Бога, но има и такви кои дури и Го знаат. Да се верува во Бога е добро, но да се знае Бог е поблажено. Иако и тие што веруваат се блажени, како што му кажал Господ на Апостолот Тома, дека Ти ме виде мене и ме допре, и веруваш, но блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да сме смирени, Господ ќе ни покажеше сè заради Својата љубов. Он ќе ни ги откриеше сите тајни, но нашата несреќа е во тоа што не сме смирени. Горди сме и славољубиви заради секоја ситница, и заради тоа се мачиме самите себеси и другите.
Преминпортал ( к.т.)
5-ти април, лето Господово 2013
Друго:
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна
која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот.
Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен
настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се
посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата:
Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со
восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто
неневесна!“