Што ќе Ти принесам,
Христе? Ти си ни дарувал да се поклониме на Твојот Чесен Крст, на кој е пролеана
Твојата пресвета Крв, на кој Твоето Тело со клинци беше приковано. Со љубов го
целиваме и Ти благодариме.
Утрена, Крстопоклнона Недела
Поуки на
светите отци: Да не чекаме до утре, зашто не знаеме што ни носи
утрешниот ден, ниту да велиме дека ќе ја победиме гревовната навика постепено,
зашто тоа „постепено“ никогаш нема да се соврши...
Свети Јован
Златоуст
Молитва:
Господи Исусе, ветивме дека ќе
Ти служиме до крајот. Помогни ни, Господи, да го разбереме вистинското значење и
духот на пожртвуваноста, зашто го предаваме своето тело, ум и срце, Тебе да Ти
служат. Твојот Чесен крст секогаш нека ни биде укрепување и вдахновување наше.
Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 11,
10-16; 12, 1-12
Битие 7, 11-24; 8, 1-3
Соломонови Изреки 10, 1-22
Послание до Римјаните 8, 28-29
Свето Евангелие по Лука 4,
16-22
Созерцание: А знаеме дека на оние кои Го љубат
Бога, Он на сите им помага на добро.
Послание до Римјаните 8, 28
Подготви:А.Л.
Светиот свештеномаченик Василиј Анкирски
Презвитер анкирски. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа пред него Василиј и царот почна да го наговара да ја остави Христовата вера, ветувајќи му почести и богатство. Василиј му одговори: „Јас верувам во мојот Христос од Кого ти се одрече и Којшто ти го даде ова земно царство, но наскоро и ќе ти го одземе. Зарем не се срамиш од олтарот под којшто се спаси од смрт кога имаше осум години, кога те бараа за да те убијат?... Затоа наскоро ќе ти биде одземено ова земно царство; ни телото нема да ти биде погребано кога ќе си ја испуштиш душата во тешки маки.“ Царот се разлути и нареди од телото на Василиј секој ден да дерат по седум ремени кожа. Вака правеа мачителите неколку дена. Кога Василиј повторно излезе пред царот, самиот си симна еден ремен од сопствената кожа и му ја фрли в лице на Јулијан извикувајќи: „Земи и јади, Јулијане, ако ова јадење ти е слатко, а мене живот ми е Христос!“ Овој настан се разгласи по целиот град и царот од срам тајно се повлече од Анкира во Антиохија. А Василиј продолжија да го мачат со усвитено железо дури не Му ја предаде својата душа на Господ, за Кого многу пострада во 363 година.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)