Засветли, Крсту Господов, засветли со благодатната светлина над срцата на оние кои те почитуваат. Со боговдахновена љубов те целиваме, о, Желбо на вселената. Преку тебе солзите на тагата се избришаа, избавени бевме од замките на смртта и преминавме во вечна радост. Покажи ни ја славата на твојата убавина и подари ни, на слугите твои, награда за воздржанието, зашто пристапуваме со вера кон твојата моќна заштита и голема милост.
Вечерна, Поклонение на Чесниот Крст
Поуки на светите отци: ...треба да се вежбаме подеднакво во сите божествени закони, особено во оној кој не повикува да не го сметаме ниту еден човек за свој непријател, ниту долго да го држиме гневот во себе, туку веднаш да настојуваме да се помириме.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Милостив Господи, Божествен Учителу, биди навек близу нас! Научи не да го љубиме Твојот Чесен Крст. Секогаш нека не потсетува на Твојата голема љубов и благоутробие кон нас. Помогни ни секогаш да бидеме достојни за таква љубов и нека ни биде Твојот Чесен Крст секогаш наша крепост и заштита.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 8, 13-22; 9, 1-7
Битие 6, 9-22
Соломонови Изреки 8, 1-21
Созерцание: Јас ги љубам сите оние кои мене ме љубат и оние кои ме бараат, ме наоѓаат.
Соломонови Изреки 8, 17
Подготви: А.Л
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 108)
Во она време кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот, се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата. И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање? Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.“ Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „3ошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене; оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; таа, изливајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погребение. Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа што го направи таа.“ Тогаш еден од дванаесетте, по име Јуда Искариот, отиде при првосвештениците и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреници. И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)