Скопје, 29 март 2013 год. - храм Рождество на Пресвета Богородица
Како кандило светлоносно кое што на помрачените им се јави, Светата Дева ја
гледаме: зашто оган невештествен палејќи, сите во мудрост Божествена ги води, со
блесок умот го просветува и честена е со восклици вакви: Радувај се!
Од
Акатистот на Пресвета Богородица
На 29 март 2013 година, во втората недела од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на свети Алексиј човек Божји, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје,со благослов на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, Епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на старешината и свештенството на храмот, во присуство на многубројниот верен народ меѓу кој и сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, г-ѓа Маја Иванова, отслужи повечерие со канон и Акатист кон Пресвета Богородица. На певницата псалтите од Македонската Православна Богословија на Бога Му принесуваа псалмопеење. На крајот на вечерната богослужба беа благословени празничните петолебија.
КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!
КОНДАК 6
Проповедници богоносни бивајќи
Мудреците во Вавилон се вратија,
исполнувајќи го пророштвото Твое
Те проповедаа насекаде, Тебе, Христа,
оставајќи го Ирода ко во бунило,
кој не знае да пее:
Алилуја!
Преминпортал (Далибор Китановски/ к.т.)
29 март, лето Господово 2013
Друго:
„КАНОН И АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ (31.03.2012)
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна
која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот.
Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен
настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се
посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата:
Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со
восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто
неневесна!“