Матка, 29 март 2013 год.- манастир Успение на Пресвета Богородица
На 29-ти март 2013 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Светите свештеномаченици Трофин и Тал и Светиот апостол Аристовул , во манастирот Успение на Пресвета Богородица, во Матка, се отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, поминавме заедничките моменти во просториите на манастирот.
Од книгата Битие (1.Мој.5,32;6,1-8)
Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета. А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени. И рече Господ Бог: „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години." А имаше во тоа време џинови на земјата, особено, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време. И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески - оти се каам што ги создадов." Но Ное најде милост пред очите на Господа Бога.
Преминпортал (к.т.)
29 март, лето Господово 2013