Проливајќи
срдечни солзи, да запееме со зборовите на Блудницата, Тебе, Отче и Боже на сите,
да Ти припаднеме говорејќи: Ти згрешивме, отстапувајќи од Тебе и се направивме
робови на похотите, прими го нашето покајание.
Утрена, втора
недела од Постот
Поуки
од светите отци: Него ќе го славите како Бог, единствено Него, Царот и
Творецот на сите твари; за Него ќе се држите и Нему ќе му се враќате од своите
прегрешенија знајни и незнајни, дење и ноќе.
Свети Григориј Палама
Молитва:
Ти, кој вистински нè познаваш,
Господи, и гледаш дека сме немоќни сами себе да си помогнеме. Дај ни сила и
духовен разум да се одбраниме од лошите помисли и дела, од сè и секој кој ни го
попречува нашиот труд повторно да Те најдеме на патот преку Чесниот Пост.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 6,
1-12
Битие 5, 1-24
Соломонови Изреки 6, 3-20
Созерцание: Свет, свет, свет е Господ
Саваот! Сета земја е полна со Неговата слава!
Исаија 6, 3
Подготви: А.Л.
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:
Публиј,
Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии
Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, беа сосем млади луѓе, а сѐ уште не беа христијани. И никогаш не се крстија со вода. Но се крстија со крв. Еден ден овие седум момчиња гледаа како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилки, трети пред ѕверови, па гледајќи како поднесуваат маки со трпение, се распалија со ревност по Христа, самите си ги врзаа рацете наопаку и така врзани дојдоа пред Урбан велејќи: „И ние сме христијани!“ Залудни беа ласкањата и заканите на Урбан. На овие момчиња им се придружи и угледниот граѓанин Агапиј, кој дотогаш доста страдаше за Христа и почна уште повеќе да ја распалува кај нив верата и љубовта кон Господ. Беа сите убиени со меч во 303 година, кога заминаа во Небесното Царство на Господ Христос.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)