Дојдете, да се
очистиме со милосрдие и милосрдност кон бедните, не трубејќи пред себе и не
покажувајќи ја својата добрина. Нека не знае твојата левица што прави десницата;
славољубието нека не го расее плодот на милосрдието, но во тајност да Го молиме
Оној Кој ја знае секоја тајна: Отче, прости ни ги нашите гревови, зашто Си
Човекољубец.
Вечерна, Недела на Православието
Поуки
од светите отци: Наспроти тврдоглавоста, ќе им го дадете она што е ваше
на оние кои ви бараат и ќе бидете колку е можно помилостиви кон оние кои имаат
потреба.
Свети Григориј Палама
Молитва:
Нашиот живот е во Твоите раце,
Господи. Помогни ни да ги предадеме својот ум, срце и раце на Твоја грижа, за
правејќи сè заради Тебе, да ја твориме Твојата волја во смирение, вера и над сè,
во љубов. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 4, 2-6; 5,
1-7
Битие 3, 21-24; 4, 1-7
Соломонови Изреки 3, 34-35; 4, 1-22
Созерцание: Патеката на праведните е како болскава светлина,
која свети сè повеќе и повеќе дури не настане ден.
Соломонови Изреки 4,
18
Подготви: А.Л.
Преподобен Симеон Нов Богослов
Овој богоносен и голем отец на Црквата беше роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вбројан меѓу дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфиророден. Остави сѐ заради Христа и се повлече во манастир. Се подвизуваше под раководство на старецот Симеон, потоа беше игумен на манастирот на Св. Мамант и најпосле живееше како пустиник. Најголем богослов после Св. Григориј Богослов. Ја чувствуваше благодатта во своето срце. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокои во 1032 година. Моштите му се чудотворни.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)