Скопје, 24.03. 2013 год.- храм Свето Благовештение
„ А кoга ќe дoјдe Синoт Чoвeчки вo Свoјата слава и ситe свeти ангeли сo eгo,
тoгаш ќe сeднe на прeстoлoт на славата Свoја (Мт. 25:31).
Така рeчe Гoспoд и
тoа тoкму прeд самoтo најужаснo Свoe пoнижувањe, прeд рзувањeтo, плукањeтo,
удирањeтo, исмeвањeтo и распнувањeтo. Вo најцрнитe часoви, Oн oвoри за
највeдриoт и најславниoт Свoј час“.
На 24-ти март 2013 година, во Недела на Православието, кога Црквата молитвено го празнува споменот на Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски и Преподобен Георгиј Синаит, во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата во пригодната беседа, отец Душко говореше за големината на денешното празнување, а потоа прочита молитва за мирни и успешни избори во нашата татковина.
Преминпортал (к.т.)
24 март, лето Господово 2013