Во неделата на простувањето - Прочка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на голем број свештеници од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога.
Со празнично слово се обрати отец Игор Пармачки, а потоа Митрополитот нè повика сите да го искористиме денот на простувањето за да отидеме кај своите најблиски и кај сите на кои сме погрешиле за да речеме прости ми и да се обидеме од денешниот ден, па се до Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со чистота, добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос.
Извор: Повардарска епархија