Скопје, 8-ми март 2013 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 8- ми март 2013 година, во Неделата на блудниот син, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски и преподобен Дамјан, во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината , отец Трајче Петковски во сослужение на ѓаконот Благоја Ковачовски, отслужи Божествена Литургија.На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата, во беседата по повод празникот,отецот не потсети на големината и значењето на покајанието во нашиот духовен живота како и на поготвителната недела за Великиот Пост.
Старец Ефрем Филотејски
Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сè. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.
Мал петочен водосвет
Преминпортал (к.т.)
8-ми март, лето Господово 2013