логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Извадок од интервјуто на Премиерот г-дин Груевски за МИА

03. 02. 2008 г.

За одлуката на Владата да се изгради црква на плоштадот во Скопје и острите реакции кај опозицијата за таквото решение, премиерот Груевски изјавува дека Владата останува на таквата намера.

- Тезата дека на плоштад не се гради црква е толку погрешна што не знам како се осудија од СДСМ и од нивниот приврзок ЛДП да ја пласираат. Не што не е така, туку е обратно. Во повеќето големи градови, а особено во главните градови и во православните и во католичките и во протестанските земји има вакви објекти на самите плоштади. На пример Москва како главен град на најбројната православна земја, или Прага на т.н. Стар Плоштад, да не говориме за Рим, или Венеција со Сан Марко, Софија, Барселона, Париз со Нотр Дам, Брисел, Тирана со старата џамија на плоштадот, Виена со Катедралата на Св.Стефан, и многу навистина многу други. Во непосредна близина на местото каде ќе се гради црквата веќе постоела црква, истакнува Груевски.

Тој како лага го квалификува и тоа дека црквата ќе се гради на местото каде била куќата на мајка Тереза. Трета работа, според Груевски, со која сакаат да го дискредитираат проектот, е името на црквата. Тој наведува дека единствено МПЦ има право да одреди на кој светец ќе биде посветена црквата, и никој друг, па ни тој нема право да и се меша на Црквата во таа чисто и исклучиво црковна работа.

- Конечно кога ги споменуваме плоштадите ќе додадам дека на речиси сите плоштади во поголемите градови има и споменици и фонтани и јас не можам да разберам што згрешиле во општината Центар кога одлучиле и во македонскиот главен град да го има истото. Или се работи за различни вкусови, што судејќи според урбанистичкиот план што СДСМ и архитектот и градоначалник на СДСМ Мирослав Грчев го донесоа за плоштадот уште во 1997 година, не е тоа, бидејќи таму се предвидени повеќето објекти што денес истите луѓе ги оспоруваат, или се работи за обид за манипулација со граѓаните, на што повеќе верувам кога ќе видам дека СДСМ уште пред 10 години предвидувала да го изгради плоштадот на безмалку ист начин, завршува премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА. миа/миа/13:05

Извор.МИА

Друго:

„И така, Црквата е место на осветување и присоединување кон Христос-Лозата, кон бесконечниот живот. Не напразно светите отци и учители на Црквата ја нарекуваат Град Божји, плодоносно дрво, духовна болница, духовна бања, Мајка којашто ги храни своите деца со свештено млеко, со вечно младиот Логос, и со други имиња коишто сведочат за нејзината особена улога. Милостивиот Бог му ги дал на светот, брануван и обземен со гревови, светите Цркви во кои, како во благоустроено пристаниште, се запазува учењето за вистината, пристаниште кон кое итаат оние што сакаат да се спасат.“ -   ЦРКВАТА КАКО МЕСТО НА ОСВЕТУВАЊЕ 

 

   Црквата „Свети Константин и Елена“ е одраз на минатото на Скопје

 За храмот на свети Константин и света Елена

Ако ги ставиме настрана сите дневни политиканства и пропаганда во служба на попречување на намерата за возобнова на храмот посветен на свети Константин и света Елена во центарот на Скопје и ако барем малку се обидеме да дознаеме за животот и работата на овие светци, би можеле пообјективно и посмирено да ја оценуваме иницијативата. Храмот симболизира духовни вредности, се гради за сите верници, а не за да ги навреди суетите на неколку архитекти, политичари и правници кои имаат забелешки и на кои ова не им е по волја.

Свети Константин (познат и како Константин Велики и Константин Први) спаѓа во најтесниот круг великани, државници и верници, кои ја определиле судбината на Европа, па и на светот. Тој е најмногу препознатлив како прв христијански цар и ја одиграл клучната улога за иднината на христијанското движење. Токму тој ја започнал христијанизацијата на Римското Царство и придонесол за израснување на христијанството во доминантна вера на тогашниот цивилизиран свет. Претходно, христијаните биле подложени на постојан прогон во Римското Царство како припадници на „паганска религија“. Затоа Константин го донесува познатиот Милански едикт како законски акт со кој е прогласена верска рамноправност и запирање на гонењето на христијаните кое траело 300 години од страна на Римјаните. На христијаните им било дозволено јавно да ја исповедаат својата вера и за тоа да не сносат последици. Законот не само што забранил нивен прогон, туку наредува на оние на кои им бил одземен имотот да им се врати вклучувајќи го имотот кој припаѓал на христијанската црква. Во 324 година, Константин ја објавил својата одлука за подигнување на Константинија (Цариград, денешен Инстанбул), а потоа и официјално го прогласува за свое ново царско седиште, за нова престолнина на Римското Царство, кое со тоа добива нов карактер. По својата големина, убавина и богатство тој требало да го надмине вечниот град Рим, што и се случило. За македонската јавност може да е интересно дека Константинија по својот карактер и симболика претставува враќање и обновување на една стара традиција, на македонско-Александровата традиција. Изградбата и именувањето на градовите и престолнините според името на кралот како претставник на божјата волја на земјата е македонски обичај (нешто несвојствено за тогашниот Рим или Грција). Филип Втори ја подигнал Филипија (денешен Пловдив), Александар Македонски ја изградил Александрија и други градови со тоа име, Јустинијан - Јустинијана. Борбените амбиции и походи на Константин нема да стивнат и да завршат се' додека тој не стане владетел токму на оној дел од Римското Царство што бил територија на старото македонско-Александрово кралство. Слободно може да се каже дека Византија е возобновување на Александровото кралство. Познато е дека Константин воопшто не го познавал грчкиот јазик, а и ги затворил грчките школи во Атина и во Грција.

Константин е роден во 272 година (според повеќето историчари) во оној дел на Римското Царство кое претходно бил во состав на кралството на Александар, во Ниш. Интересно е да се спомне моментот кој претходи на одлуката на Константин да ја прифати христијанската вера. Како можен клучен момент историчарите ја посочуваат 310 кога Константин посетува неименуван храм на богот на Сонцето (старомакедонски обичај практикуван и од Александар Македонски) каде што му е откриено пророштвото според кое токму тој е најавен како владетел на светот. Така од 310 година на Константиновите ковани пари се појавува Непобедливото сонце (Sol Invictus), кое тој го слави како свој придружник и заштитник. Потоа Константин повторно доживува мистично искуство и отворено се определил за христијанската вера. Константин умира во 337 и е свечено погребан во црквата „Св. Апостоли“ во Цариград. Како прв христијански цар, добротвор и ктитор на христијанската црква, Константин по смртта е канонизиран, а во православните цркви се почитува како светец и „рамноапостолски цар”.

Кристијан Арсов

 

 

Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

« »

Православен календар

 

05/10/2025 - недела

Собор на сите македонски Светители; Св. свештеномаченик Фока, епископ Синопски; Св. пророк Јона; Св. маченик Фока Градинарот; Преп. Козма Зографски; Св. Петар Милостив; Св. Јона презвитер;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Јона  5 октомври/22 септември  2025

Тропар на светиот Божји пророк Јона 5 октомври/22 септември 2025

Јона пророкот Божји денес го прославуваме о, верни, преку него ја видовме милоста Негова,Оној Kој човекот го создаде, Тој &...

Тропар на св. Христов апостол Кодрат  4 октомври/21 септември  2025

Тропар на св. Христов апостол Кодрат 4 октомври/21 септември 2025

Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,го посрами мудрувањето елинско,но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по...

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная