Скопје, 24.02. 2013 год.- храм Свето Благовештение
На 24-ти февруари 2013 година, во Неделата на митарот и фарисејот, кога Црквата молитвено го празнува споменот на Светиот маченик Георгиј Кратовски , во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се прицхести со Светите Христови Тајни.
Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми. Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи, а пак од старите, фрлени хартии - ќе прави чисти салфети. Кога пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).
Преминпортал (к.т.)
24-ти февруари, лето Господово 2013