Претседателот на Репупублика Македонија, Ѓорге Иванов, во придружба на амбасадорите на САД, Велика Британија, Полска, Унгарија и Франција, денеска на лозовите насади на ”Далвина” во Хамзали, општина Босилово, присуствуваше на одбележувањето на православниот празник Свети Тирифун - заштитник на лозарите.
По божествената молитва за успешна работа и бериќет, што ја одржа митрополитот Европски, Пимен, со симболично отсекување на лозовите старкови, симболично беше започната резидбата на лозовите насади на “Далвина”.
Претседателот Иванов до сите лозари и винари во Македонија упати честитка, со желба за успешна и бериќетна година.
“На денешниот ден Свети Трифун, на сите лозари им посакуваме многу бериќет, а на винарите многу квалитет. Тоа е желба која се посакува на овој ден кога се закројуваат лозите и преку тој обичај се продолжува една многу долга традиција, во нашиот народ кога им се помага на лозарите и им се посакува многу желби за родна и квалитетна година. Овој пат сме во Струмица, за да се види дека не се само тиквешијата и повардарието винарски краеви, туку и дека и овде се инвестира и се развива лозарството“ - изјави претседателот Ѓорге Иванов.
Претседателот Иванов заедно со гостите ја посетија винаријата “Далвина” во Хамзали, која со своето квалитетно вино станува сериозен конкурент, како на домашниот, така и на светскиот пазар.
Извор: http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10151745108043957.622628.231002903956&type=1
14.02.2013