РАСПОРЕД ЗА БОГОСЛУЖБИ
ПРИ ХРАМОТ „ СВ. В.МЧ. ГЕОРГИ ПОБЕДОНОСЕЦ“ –КРИВИ ДОЛ СКОПЈЕ
За месец Февруари 2013г.
03/21 – недела- преп.Максим Исповедник; преп. Максим Грк.
07.30ч.- утрена воскресна со света Божествена литургија
07/25- четврток –св.Григориј Богослов; св.Владимир Киевски;
08.15ч.читање од утрената / проскомидија/ и света Божествена литургија.
10/28 – недела- преподобни Ефрем и Исак Сирин;
07.30ч.- утрена воскресна со света Божествена литургија.
12/30- вторник- -Св. Три Светители.
07.30ч.- утрена празнична со света Божествена литургија.
15/-02 петок- Сретение Господово ;
07.30ч.- утрена празнична со света Божествена литургија.
17/04 – недела- преподобни Исидор и Николај Студит;
07.30ч.- утрена воскресна со света Божествена литургија.
20/07- среда – св.Партениј епископ Лампсидиски;
08.15ч.читање од утрената / проскомидија/ и света Божествена литургија.
23/10- сабота- свш.мч. Харалампиј ; св. мч- ца Валентина.
07.30ч.- утрена со света Божествена литургија.
24/11 – недела- св.мч. Ѓорѓи Кратовски;
07.30ч.- утрена воскресна со света Божествена литургија.
27/14- четврток – Упокојување на св.Кирил Солунски;
08.15ч.читање од утрената / проскомидија/ и света Божествена литургија.
+ + +
Човекот зазаема посебнао место меѓу созданијата. Тој не само што носи во себе логос , туку е и образ на божествениот Логос и целта на неговата природа е да постигне подобие со Бога. Во созданието како целина тој има улога да го приведе целото создание кон Бога и така да ги надмине влијанијата на злите сили кои носат обеспокојување , разделување, распадливост и смрт. „Природното“, востановено од Бога „движење“, „енергија“, или волјата на човекот, последователно на тоа е насочено кон соединување со Бога или „обожување“, но тоа не е изулиран процес од целокупниот создаден свет,туку при тоа го возвраќаќа и него кон првобитната состојба. /од учењето на св.Максим (цитат од Византиско Богословие -Џон Маендорф)/
+++ со Божји Благослов од о. Горан Тасески свештенослужител при храмот