Ајакс, Онтарио, Канада - Во 33-тата недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го празнува Соборот на Св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, Митрополит на Американско-канадската православна епархија, заедно со гостинот г.Пимен, Митрополит на Европската македонска православна епархија благоволи и отслужи света Златоустова Литургија во Македонската православна црква “Света Великомаченица Недела“ во Ајакс, Онтарио во сослужение на парохискиот свештеник Прото-презвитер Благе Димитриевски и гостинот протојереј-ставрофор Јован Босеовски, кој го чествуваше неговиот именден.На Божествената Литургија верниот народ се соедини со нашиот Спасител Господ
Исус Христос преку присуството и примајќи ја причеста -Телото и Крвта Негова.
Протојереј Благе Димитриевски
Лето Господово 2013