Скопје, саботен ден, лето Господово 2013- храм посветен на Свето Благовештение
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 57)
Рече Господ на Своите ученици: „Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат променети и да ги поздравуваат по улиците, и предни седишта во синагогите, како и први места на гозбите. Тие, што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат, ќе бидат потешко осудени.“
Многу честа е глетката, по отслужената Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар, во Скопје, протоереј Душко Наумоски со радост или грижа да отиде во посета на болен во некоја од клиниките. Овој пат и ние со него, ја споделивме неговата радост. Имено, во овој благословен ден, отидовме во посета на две болни чеда( кои откако ги причести), им прочита молитви за побрзо оздравување и враќање во нивните домови. Додека го минувавме патот од црквата до Клиниката за интерни болести, гледајќи го како со крстот и молитвеникот во рацете, ита кон болните, глетката не не остави рамнодушни. Во болничката полупразна соба Господ внесе светлина и радост која ја сите не допре и успокои.
По молитвите на св. Наум Охридски, Господе Исусе Христе, помилуј не...
Подарок, Православно календарче за 2013 година.
Преминпортал (к.т.)
Лето Господово 2013