Поделбите и расправиите кои ни се случуваат се најголемиот непријател на македонскиот народ. Од Битола испраќам апел до сите повикани да го градат, чуваат и создаваат единствотo, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан по одржаната литургија во храмот „Пресвета Богородица“. МПЦ, би посредувала и во помирување на разединетото и раскарано политичко ткиво во земјава.
-Досега не е дојдено такво барање, но сите сме повикани да помогнеме во тоа. Црквата нема да откаже од својата улога. Сметам дека еден од најголемите непријатели кои можат да ни бидат, тоа се покажало и во историјата многу често, а еве и како да ни се повторува, е таа меѓусебна недоверба, поделби, расправии - изјави архиепископот Стефан.
Тој посочи, дека за жал, поделби се случуваат и во црквата, но смета дека Австралиско-новозеландсkата епархија е одлична можност за надминување на недоразбирањата помеѓу митрополитите Петар и Тимотеј.
-За жал, такви работи се случуваат и во Црквата. Ако има различни мислења ставови, впечатоци, сеќавања, сметам дека иднината и сегашноста можат заедно да ни помогнат да се надминат некои случувања и во највисокиот врв на МПЦ. За дајцата митрополити сметам дека Австралија е прекрасна можност заеднички да настапат и да го залечат потребното единство меѓу Македонците во Австралија- изјави г.г. Стефан.
Само една недела откако миторполитот Петар го обвини владиката Тимотеј дека му се мешал во внтарешните работи на Австралиско-новозеландската епархија, тие заедно сослужуваа на денешната литургија и изјавија дека не се во судир.
-Јас не сум со никого во судир, јас немам ништо лично против Петар, ниту Петар има нешто лично против мене, изјави Владиката Тимотеј.
-Ние не сме во јавен судир, ако имало недоразбирања,сме кажале кои се недоразбирањата и точка, изјави митрополитот Петар.
За архимандритот Никодим Царкњас, кој црковните општини во Австралија баараат да биде хиротонисан за Владика, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан изјави дека не сака да коментира нечии лични желби.
Извор: http://www.time.mk/read/3e9340d565/379831ae7c/index.html