Света Нина, просветителка на Грузија Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа нејзината мисионерска работа. Во текот на животот Света Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе главно сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господ во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта. (Од Православниот календар на МПЦ)
На празникот на света Нина, просветителка на Грузија,свети Сава, архиепископ Српски и преподобните маченици Синајски и Раитски, на 27. 01. 2008 година, се отслужи Света Литургија во храм посветен на Св. Спас во Драчево– Скопје. Верниот народ се причести со Крв и Тело Христови.
„Но, велат светците, сега откако ја препознаваш темнината во твоето сопствено срце и слабоста на твојата плот, губиш секаква желба да го осудуваш ближниот твој. Од твојата сопствена темнина го гледаш небесното светло што се појасно ги осветлува сите создадени нешта: не можеш да ги откриеш гревовите на другите додека твоите се толку големи. Оти во твојот гладен стремеж за совршенство, ти првин ја спознаваш сопствената несовршеност. И само кога си ја видел сопствената несовршеност, можеш да се усовршиш. Така совршенството произлегува од слабоста. “
Посети:{moshits}