Утрински молитви
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.
Слава Ти Боже, надеж наша, слава Ти.
Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и се исполнуваш, ризницо на добрата и на живот подателу, дојди и всели се во нас, и очисти не од сета нечистотија и спаси ги, Благи, нашите души.
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј не. (3 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Пресвета Троице, помилуј не. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прости ни ги нашите беззакониа. Свети, посети не и исцели ги нашите слабости, заради Твоето име.
Господи помилуј (3 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое. Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници. И не воведувај не во искушение, туку избави не од лукавиот.
Зашто Твое е Царството и силата и славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Господи помилуј (12 пати) насушен дај ни го денес, и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници. И не воведувај не во искушение, туку избави не од лукавиот.
Зашто Твое е Царството и силата и славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Господи помилуј (12 пати)
Дојдете да му се поклониме и да припаднеме пред Царот нашиот Бог.
Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме пред Христос Царот наш Бог.
Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме пред Самиот Христос, Цар и наш Бог.
Псалм 120
Ги кренав очите кон горите, од каде помош ќе ми пристигне? Мојата помош е од Господ, Кој ги создаде небото и земјата. Тој нема да дозволи да се помести твојата нога. Нема да задреме Оној, Кој те пази. Не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израилот. Господ е твој чувар, Господ е твоја закрила откај твојата десна рака. Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети. Господ ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува твојата душа. Господ ќе го пази твоето излегување и влегување отсега и довека.
Символот на верата
Верувам, во едниот Бог, Отец, седржител, творец на небото и земјата, на се видливо и невидливо. И во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји единороден, роден од Отецот пред сите векови; светлина од светлина, Бог вистинит од вистинскиот јзог, роден несоздаден, единосуштен со Отецот, преку Кого се станало. Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и се вочовечи. Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат и пострада и беше погребан. И Кој воскресна во третиот ден според Писмото. И се вознесе на небесата и седи оддесно на Отецот, и пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите, и Неговото царство не ќе има крај. И во Светиот Дух. Господ, животворец, Кој исходи од Отецот, Кој со Отецот и Синот е сопоклонуван и сославуван, Кој говорел преку пророците. И во едната, света, соборна и апостолска Црква. Исповедам едно крштение за отпуштање на гревовите. Го чекамвоскресението на мртвите и животот во идниот век. Амин.
(Продолжува)
Извор: Православен молитвеник
Лето Господово 2012