Скопје, 25 ноември 2012 год.- храм на св. пророк Илија
На 25 ноември 2012 година, кога светата Црква молитвено го прославува споменот на свети Јован Милостив, а во чест на 45-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, во присуство на многуброен верен народ се изврши осветување на новиот храм на светиот пророк Илија воскопската населба „Јане Сандански“. По осветувањето се отслужи Архиерејска Литургија и се осветија просториите на новиот црковен комплекс. Со Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион како и свештенството од Скоската епархија. На Литургијата присуствуваа и викарните епископи г. Јосиф Велички и г. Јосиф Лешочки. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
Лето Господово 2012
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://mail.preminportal.com.mk/images/OSVETUVANJE.SV.ILIJA