Денес, на православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Софија, своите магистерски трудови ги одбранија архимандритот Арсениј (Христов), игумен на манастирот на свети Антониј Велики во Ново Село и игумен Никола (Трајковски), собрат на манастирот Свето Преображение од Зрзе. Насловот на трудот што го одбрани архимандритот Арсениј е „Тријадолошкиот аспект на евхаристиската еклисиологија“, а насловот на трудот што го одбрани игуменот Никола e “Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во XX век”. Нивните трудови во текот на оваа година ќе бидат издадени на македонски јазик.
Нека им е честито и им посакуваме
и понатаму духовно и интелектуално да се надградуваат.
(Од редакцијата на сајтот на МПЦ)
Честитки и успех во понатамошниот духовен и интелектуален раст.
Од редакцијата на Преминпортал
Посети:{moshits}