Скопје, 14-ти номври 2012 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На 14-ти ноември 2012 година, во десет и четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот светите Козма и Дамјан и светиот маченик принцот Ерминигелд , во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината на храмот, отец Трајче отслужи Божествена Литургија.На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост. радост.
Свети Јован Лествичник
Во длабочината на плачот се наоѓа утеха, и чистото срце прима просветлување. А просветлувањето е неискажливо дејство Божјо, што се сознава несознајно и се гледа невидливо. Утехата е освежување на болната душа, која како малечко дете во исто време плаче и почнува ведро да се насмевнува. Таа е поддршка и обновување на душата што потонала во тага и на чудесен начин солзите на болката ги претвара во солзи на радост.
Preminportal (k.t.)
Лето Господово 2012