На празникот на свети Димитриј во Битола (10.11.2012 )
На 8 ноември 2012 година, на празникот на свети Димитриј Мироточив, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение со Митрополитот Струмички г. Наум и Епископот Хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на свети Димитриј во Битола. На Литургијата јеромонахот Никола, игумен на манастирот на свети Никола во с. Манастир (Мариово), беше произведен во архимандрит. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
За Преминпортал
Весна Апостоловска