Скопје, 04 11 2012 год.- храмот на св. пророк Илија во населбата Аеродром
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 47)
Рече Господ на Своите ученици: „Сложете ги во ушите свои овие зборови: Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки.“ Но тие не го разбраа овој збор, зашто беше сокриен од нив за да не го разберат, а се плашеа да Го прашаат за неговото значење. И им дојде мисла: кој од нив е најголем. А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави пред Себе, па им рече: „Кој го прима ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој ќе биде најголем. Одговори Јован и рече: „Наставниче, видовме еден човек, кој во Твое име истерува бесови, па му забранивме, бидејќи не оди со нас.“
Во дваесети втората недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено се потсетува на Свети Аверкиј Рамноапостолен и Преподобен Лот , во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
ПреминПортал
Лето Господово 2012