Пјаченца, 01.11.2012 год.
Во Пјаченца, Италија по повод патрониот празник посветен на Свети Прохор Пчињски беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г-дин Пимен во сослужение со парохискиот свештеник протоерејот Климент Мишањ, ереј Горан Мантаровски и ѓаконот Сашо Целески. Како што е и вообичаено во оваа парохија, храмот беше преполн со верници кои достојно му одадоа почит на својот заштитник во Пјаченца Свети Прохор Пчињскиприсуствувајќи на светата евхаристијата и примајќи го Телото и Крвата Христови.
Митрополитот Пимен толкувајќи го денешното евангелие во својата проповед верниците ги потсети декаХрстостовите зборови кои се упатени до сите нас–блаженствата, се сржта на христијанскиот живот и единствен вистински пример за наше духовно усовршување. Светителуѓе не живееле само во минатото туку и денес, а како пример ги наведе и новоканонизираните Пречистански и Битолски преподобно маченици. Митрополитот Пимен зборувајќи за доброволното мачеништво како она на Свети Прохор Пчињски кој од љубов кон Христа се оддалечил во пештера прославувајќи го Бога, на верниците им порача и тие имајки го за пример нивниот патрон заштитник, да се усовршуваат борејќи се со искушенијата бидејќи победата на истите ние гарант за наше осветување, а не крштението и верата, без учество во литургискиот живот кој црквата го негува два милениуми.
На крајот од проповедта им се заблагодари на оние луѓе кои и покрај своите мали примања го жртвуваа своето кратко слободно време за да се создаде и разработи оваа млада но по плодови голема црковна општина.
За Преминпортал
Константин Павлевски