Скопје, 01.11.2012- год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
Тропар, глас1.
Пустински жител, и во тело ангел, и чудотворец се покажа, преподобен и богоносен отче наш Прохоре; откако со пост, бдеење и молитва, прими небесни дарови, ги исцелуваш болните и душите на оние кои ти приоѓаат со вера: Слава Му на Оној што ти дарува крепкост, слава на Оној што те овенча , слава на Оној што преку тебе твори исцеленија.
Сoврeмeник и другар на св. Јoван Рилски и на Гаврил Лeснoвски.Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во XI век.
Старец Ефрем Катунакиотски
Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
На 1-ви ноември 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобен Прохор Пчински, и светиот пророк Јоил , во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, во присуство на Епископот Велички г. Јосиф се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата се причестиа со Светите Христови Тајни.
Преминпортал(к.т.)
Лето Господово 2012