Научниците дојдоа до најголемото откритие на векот. Човечката душа постоисе наоѓа во мозокот,а по смртта на човекот таа продолжува да живее.
Стјуарт Хамероф и Роџер Пенроуз светски признати научници на квантната физика успеале да дојдат до одговор на прашањето кое со години го барале сите религии и филозофи
–Дали навистина постои човечката душа?Според нив, душата се наоѓа во специфичните структури наречени микротубули или микроцевчиња, сместени во ќелиите на мозокот, а од таму по настанувањето на смртта продолжува да постои во универзумот.Во истражувањето биле користени искуства на луѓе со клиничка смрт .Во таквите случаи од ќелиите на мозокот се губеле квантни податоци но информациите не биле уништени. Со тоа Хамероф и Пенроуз потврдиле дека душата не умира, туку заминува некаде „горе“.
Тие тврдат дека доколку по клиничката смрт лекарите успеат да го оживеат пациентот , сите квантни информации се враќаат во микроцефчињата.Според нив личноста која се нашла на работ на животот потоа свесно чувствува дека за малку можело да умре. Научниците доаѓаат до заклучок дека кога лицето навистина ќе умре неговите квантни информации целосно го напуштат телото во облик на душа и продолжуваат да постојат вон телесно некаде во универзумот.
Извор: Нова Македонија