логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Hirotonija.Tetovo.jpg

Беседа по повод новоизбраниот епископ Лешочки г. Јосиф Недела, 21 Октомври 2012

Hirotonija.Tetovo.jpg
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

СТЕФАН

Преосвештен владико, возљубен во Господа брате Јосифе[1],

Со положените раце на браќата архиереи, преку благодатта на Светиот Дух, те воздигнавме во архиерејско достоинство, со што ти прими дел од апостолската служба (Дела 1, 25), како што ни предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и слуги на Словото (Лк 1, 2). А оваа служба, на која Бог те повика (1. Петр 2, 9), невозможно е да се извршува без Неговата помош и без молитвената поддршка на Црквата. Кои, пак, се повикани за оваа, избрани се за добра служба, истакнува св. ап. Павле. (сп. 1. Тим 3, 1).

Но епископското служење е крстоносно! Без него, без крстот, нема спасоносен пат за никого, а особено за оние коишто Тој ги избрал: ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе и нека го земе својот крст, па нека оди по Мене (Мт 16, 24), им порачал Господ Христос на своите ученици. Тоа, исто така, особено се однесува на носителите на архиерејското достоинство, за оние кои се повикани со радосните да се радуваат и со расплаканите да плачат (Рим 12, 15). По примерот на кроткиот Господ, Кој дојде не да Му служат, туку за да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина (Мт 20, 28), покажувајќи дека секогаш треба да бидеме подготвени за одговор пред секого за нашата надеж (сп. 1. Пет 3, 15). Тебе, возљубен брате, ти претстои тежок пат, зашто ништо големо не бидува без искушенија, како вели свети Григориј Богослов (Слово 13). Но ти моли се постојано, за Бог да те удостои на звањето и да те исполни со сила за секоја желба на благост и секое дело на верата (2. Сол 1, 11), како би можел подостојно да го исполнуваш архиерејското служење.

Како викарен – помошен епископ, во Полошко-кумановската епархија и на Неговото високопреосвештенство, митрополитот        г. Кирил, исполнувај ги сите богоугодни и родољубиви послушанија и надлежности. Како млад и образован, труди се на доверениот народ да му помагаш, особено во воспитувањето во науката и стравот Господов (Еф 6, 4), давајќи пример на секаква смиреност, кротост и великодушност, трпејќи се еден друг со љубов, и трудејќи се да го запазиш единството на Духот преку врските на мирот (Еф 4, 2-3). Труди се да бидеш правило во верата, образец во кротоста и учител по воздржливоста (тропар на свети Николај); не влегувај во расправии, туку биди смирен кон сите, поучлив и трпелив (2. Тим 2, 24); немоќните поткрепувај ги, паднатите подигнувај ги, заблудените обраќај ги, добрите зачувај ги (свети Григориј Богослов, Слово 9), дејствувај со силата на верата преку љубовта (сп. Гал 5, 6), за Словото Божјо да расте и да се распространува (сп. Дела 12, 24), зашто верата наша е таа која го победи светот (1. Јн 5, 4).

Живата вера, поткрепена со силата Божја, е таа што може да им помогне на оние што страдаат, да ги утеши оние што тагуваат и да ги охрабри оние што стравуваат. Денес, на современиот човек, особено е потребно да му се пријде и да му се понуди незаменливата и потврдената 20-вековна спасоносна вистина. Меѓу нашиот, пак, народ треба да се продолжи мисијата на воцрковување, треба да се биде и подготвен и истраен во воведувањето и утврдувањето на верниот народ во прадедовската вера. Но христијанското просветување не е доволно само од амвонот, само од под покривот и во дворот на храмот. Потребно е верата наша да биде присутна во севкупното наше живеење, за да може нашиот човек, гледајќи во нас пример, изворно да се доближи на духовниот живот и на древните православни традиции. Затоа, како свештенослужители, не е доволно само да говориме, туку и да сведочиме, да го потврдуваме со дела она што го говориме, и Оној во Кого веруваме. Не секој што Ми вели Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен (Мт 7, 12). Нашата вера треба да биде делотворна (сп. Јк 2, 24), односно, секое дело треба да биде извршено од љубов. А, сите ние треба да се угледаме на Добриот Пастир, на Оној Кој и душата Своја ја положи за своето стадо (Јн 10, 11).

Преосветен владико,

Бог те избра за Свој соработник (1. Кор 3, 9), за викарен епископ во Полошко-кумановската епархија, за краеви и за народ каде што Црквата и верата наша се на постојани искушенија. Сведоци сме на чести напади на сакрални објекти и христијански души. Многупати се вознемирувани дури и нашите покојни. За жал, 2001 година некаде како сè уште да трае! Наше е, и по христијански и по македонски, да бидеме трпеливи: кон секого да покажуваме и љубов и разбирање и на другите да им правиме она што сакаме другите да ни го прават (сп. Мт 7, 12). Знај дека секоја прекумерност, особено кога е со некоја зацртана задна цел, ако се толерира предолго, станува опасна за нечие постоење и живеење. Не заборавај дека и секоја толеранција што трае предолго, некогаш завршува. Но со нас е Бог, и кога е Тој со нас кој може да е против нас?! Затоа биди трпелив и надевај се на Бога... Во Црквата секогаш имаме и сојузник, и утеха и спасение, и неосвоива тврдина.

Преосвештен владико, како млад архиереј, биди секогаш со доверениот ти народ, и биди им сè на сите... Користи го и искуството на надлежниот архиереј – митрополитот г. Кирил, и искуството на мирољубивиот наш народ. Гради пријателство и добри односи и со друговерните во епархијата и насекаде со сите. Биди им утеха и надеж на сите на кои им треба помош и поткрепа. И во Полошко и  Мавровско и во Кумановско, и по Осоговијата длабоки се нашите темели и корени, и христијански и национални. Тие се краеви со многу светињи и големи подвижници! Учи се на силната вера и на љубовта кон прадедовските огништа што ги краси душите на народот од овие простори. Напојувај се од неисцрпните Лешочки, Пчински и Осоговски извори, за духовно да растеш и да се надградуваш. Грижи се за доверените души, никогаш не заборавајќи дека бескрајно е скапа во очите на Бога секоја човечка душа (Ис 43, 4); како нов работник во македонската духовна нива, труди се, како што вели апостолот – во секого да се изобрази Господ Исус Христос (сп. Гал 4, 19).

При ми го овој жезол за да го пасеш довереното ти паство Христово; на оние што ќе те слушаат биди им жезол и поткрепа, а непослушните, пак, и неразумните упатувај ги кон поправање, кротост и послушание, та во должна оддаденост да поживеат. Долгоденствувај Преосветен владико!

 


--------------------------------------------------------------------------------

[1] Поздравно слово на хиротонијата на Преосветениот епископ Лешочки, г. Јосиф, на 21. 10. 2012 година, во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

14/01/2025 - вторник

Обрезание на Господ Исус Христос; Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари   2025

Тропар на светиот Христов сиротохранител Зотик 31 декември / 13 јануари 2025

О, блажен си ти Зотик,тврдино на верата, уподобен на милосрдието,од Христа се поучи во човекољубието,болните, губавите и отфрлените, тебе во...

Тропар на преподобна Меланија  31 декември / 13 јануари 2025

Тропар на преподобна Меланија 31 декември / 13 јануари 2025

Земното богатство раздавајќи го,на небесата вечни блага си стекнала,мудро си тргувала,земниот обручник со Небесниот си го заменила,Мелание преподобна, моли се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная