Скопје, 14-ти октомври 2012 год.- храм на св.вмч. Димитриј , на празникот Покров на Пресвета Богородица
На 14-ти октомври 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Покровот на Пресвета Богородица, Преподобен Роман Слаткопоец и Преподобен Јован Кукузел, во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот дух, презвитер Игор Калпаковски одслужи Божествена Литургија.Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Григориј Палама
Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бога.
По Литургијата
„ Точно на четриессетиот ден од раѓањето, мајката Мелита ја донесе рожбата во храмот да ја претстави пред Господа. Во молитвата, свештеникот се моли да се очисти мајката телесно и духовно и повторно да може да пристапи кон светото причестување. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спаителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец, и воедно е востановен празникот Сретение Господово.“
Преминпортал
Лето Господово 2012