логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 2012.Kalishte.sobranie.jpg

Архиепископскиот црковно-народен собор (АЦНС) на Македонската православна црква (МПЦ), на своето редовно годишно заседание одржано во манастирот „Св. Богородица“ - Калиште, на 6 и 7 октомври 2012 година, разгледа повеќе прашања од животот на МПЦ, а се осврна и на 45-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската архиепископија (ОА) во лицето на МПЦ, од кои произлезе следнава

Р Е З О Л У Ц И Ј А

1. Соборот ја изразува својата бескрајна благодарност и оддава признание на учесниците на историскиот III Архиепископски црковно народен собор во Охрид во 1967 година, кога со акламација, најпрвин на самиот Собор, а потоа и во сите храмови и манастири на МПЦ во татковината и дијаспората, беше објавена одлуката на Светиот архиерејски синод (САС), а прифатена и потврдена од Соборот, за возобновување на автокефалниот статус на ОА како МПЦ.

2. Соборот ги повикува клирот и верници на МПЦ за зачувување и возобновување на духовните вредности, чие практикување го привлекува Божјиот благослов во секојдневниот живот. 

3. Имајќи ги предвид актуелните проблеми во административно-финансиското функционирање на епархиите и просветните институции на МПЦ, Соборот упатува апел до надлежните државни институции (Централен регистар, Управа за јавни приходи и ПИОМ), во најбрз можен рок да изнајдат решение за непречено функционирање на МПЦ согласно нејзиното устројство и уредување определено во Уставот на МПЦ.


4. АЦНС се приклучува кон заклучоците од минатите собори (одржани во 2005 и 2008 година), да се пристапи кон нови разговори со органите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) за склучување на договор меѓу САС на МПЦ и Универзитетот за трансформирање на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ (ПБФ) од придружна во постојана членка – единица на Универзитетот. При тоа, да се води сметка Богословскиот факултет да остане под целосна канонска и духовна закрила на МПЦ, како негов основач, односно задржувајќи ги своите посебности.

5. Согледувајќи ја состојбата со реализацијата на наставата по предметот Етика во религии и проблемите што се јавуваат на терен, и од програмска и од кадровска природа, што е акцентирано и во Резолуцијата на минатиот АЦНС, Соборот останува на ставот дека веронауката како таква треба да го најде своето соодветното место во државното образование.

6. Повикувајќи се на статистичките податоци добиени од епархиите на МПЦ во однос на родените и упокоените православни верници, Соборот изразува загриженост за демографската состојба во Република Македонија (РМ) и притоа упатува апел за враќање на традицијата на повеќедетни семејства, кои ќе претставуваат основна клетка на македонското современо општеството.


7. Поради зачестените случаи на кражба и оштетување на фреските и иконите, сакралните предмети и објекти, Соборот ги задолжува епархиите на МПЦ да поведат соодветна грижа за зачувување на сакралното и духовното наследство, со создавање на соодветни институции за нивна заштита и презентирање. Исто така, апелира Министерството за култура да ги употреби сите стручни и законски постапки кои му стојат на располагање за поголема грижа за објектите кои се прогласени за културни споменици, а очекува и од Министерството за внатрешни работи да се вклучи поажурно во запирање и разрешување на овие злонамерни постапки на поединци или групи.

8. Членовите на АЦНС ја изразуваат огромната радост заради проширување на составот на САС на МПЦ со нови членови.     

 

 2012.Kalishte.sobranie.jpg

Лето Господово 2012

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

 Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

14/07/2026 - вторник

Светите бесребреници Козма и Дамјан; Преподобниот патрициј Петар; Светиот маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная