логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Со поздравната  реч на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се отпочна со годинашниот Црковно- народен Собор посветен на одбележувањето на 45-годишниот јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. Со црковнонародните собори се уредува животото во Христовата црква уште од пред Ницејското време.


 ACNS.Kalishta27.jpg

Слово на отворањето на Соборот

Согласно Уставот на МПЦ и практиката во нашата Света Црква, како и во Православната Црква воопшто, еве, како членови на највисокото тело во МПЦ, се собравме на редовен АЦНС. А Соборите, соборските собирања, се стари колку и самата Црква. Примерот на Апостолите, со нивниот собор одржан во Ерусалим 51 година, постанал и останал практика во Црквата. Затоа, секое проучување на древната Црква и воопшто на Црквата, не може без проучување на соборите.

ACNS.Kalishta27.jpg

 Во првите три века Соборите биле повремени собири, одржувани за посебни цели, обично за работи кога Црквата била приморана за некого или за нешто заеднички да разгледа и да одлучи. Самите собори повеќе биле настан отколку институција во Црквата. Во предникејското време биле средства кон кои се прибегнувало повремено, без утврдени места и учесници на истите. Но уште во тоа време било општо прифатено и признато дека средбите и советувањата на епископите, кои ги претставувале тогашните помесни Цркви или заедници, биле вистински начин на кој се пројавувало единството во Црквата. Првите Собори се сретнуваат меѓу Црквите во Мала Азија, кон крајот на II век, во периодот на интензивната одбрана од ширењето на монтанизмот (хилијастичка ерес). Во II век во Северна Африка бил востановен некој вид на соборски систем, и истиот бил најдоброто средство за сведочење, артикулирање и објавување на заедничкото разбирање на Црквата, како и согласноста и еднодушноста на помесните Цркви.

ACNS.Kalishta27.jpg


Но за Црквата, а со тоа и за соборите, дошло ново време со покрстувањето на царевите. Од  Константин Велики (274 – 337), а особено од царот Теодосиј I Велики (346 – 395), било општо прифатено дека Црквата е заедно и сопостои со империјата. Покрстувањето на империјата, на некој начин, ја помогнало универзалноста на Црквата, и помогнало да  ѝ се отворат нови можности и перспективи. Тоа се покажало и потврдило уште на Првиот вселенски собор во Никеја 325 година, на кој е осудена ариевата ерес, а со кој раководел самиот цар Константин. Никејскиот собор постанал парадигма – образец за подоцнежните собори во Црквата. Во вековите што следат, со настаните што се случувале во Црквата биле одржани следните Вселенски собори: II во Цариград (381г.) против духоборството и Аполинариевата ерес, III во Ефес (431 г.) против Несториј, IV во Халкидон (451 г.) против монофизитите, V во Цариград (553 г.) против трите глави, VI во Цариград (680 – 681) против монотелитите и VII во Никеја (737 г.) против иконоборците. Православната Црква признава уште десет помесни собори и ги прифаќа за општоважечки на нив донесените одлуки.

ACNS.Kalishta27.jpg

Тој начин на функционирање, тоа соборно решавање на постоечките проблеми, се покажал плодотворен и за нашата Света Црква. Имено, свештеничкото собрание во Издеглавје во 1943 година ќе ја најави соборската активност на свештенството и верниот народ. Веднаш по ослободувањето во Скопје се одржал црковно – народен собор, на кој едногласно е побарано – самостојна Црква и обнова на Охридската Архиепископија. На Црковно – народниот собор одржан во Охрид во октомври 1958 година е возобновена Охридската Архиепископија како МПЦ, и епископот топлички Доситеј, поранешен викарен епископ на српскиот патријарх Герман, е избран за поглавар, со титула – Архиепископ охридски и македонски и митрополит скопски. Во периодот што следел не дошло до разбирање меѓу СПЦ и МПЦ: СПЦ инсистирала на автономен статус, а МПЦ оправдано барала целосна самостојност – автокефалност. Така ЦНС, одржан во јули 1967 година, ја прифатил одлуката на членовите на САС за возобновување на афтокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ. И еве, 45 години нè делат од тој историски настан, настан кој донел целосно духовно воскресение, настан што ја исправил двевековната неправда, настан – темелник врз кој се потпира современата историја на Црквата во Македонија и меѓу Македонците по светот. Денес, од временска дистанца од 45 години, можеме да речеме дека соборјаните донеле праведна – родољубива и богоугодна одлука, со која ѝ се врати достоинството на нашата древна Црква. Всушност, соборот одлучил, имајќи предвид дека времето се исполнило, покрај веќе националната да се возобнови и духовната слобода. И ако погледнеме што сè постигнавме за овие 4,5 децении ќе речам – постигнавме многу! Најголем дел од Македонците се под закрила на својата Света Црква; возобновивме стари и изградивме нови цркви и манастири, основавме потребни богословски просветни институции, издадовме Библија на современ македонски јазик и поголем дел богослужбени книги и друга црковна литература, се возобнови монаштвото, продолжува духовното надградување на нашиот народ...
Овогодишниот собор, кој има работен и свечен карактер, веруваме ќе ја потврди и покаже духовната зрелост и оправданоста на Одлуката од пред 45 години. В недела, на Божествената Литургија, ќе извршиме хиротонија на новоизбраниот викарен епископ на Скопската православна епархија Неговото високопреподобие архимандрит Јосиф, со титула епископ Велички.
Добро се најдовме! Господ на милоста, по молитвите на светите Климент и Наум, нека биде со сите нас и нека го благослови нашево собрание. Амин.

 ACNS.Kalishta27.jpg

 Калиште, 06.10.2012 год.

Преминпортал

к.т/р.к.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

« »

Православен календар

 

05/10/2025 - недела

Собор на сите македонски Светители; Св. свештеномаченик Фока, епископ Синопски; Св. пророк Јона; Св. маченик Фока Градинарот; Преп. Козма Зографски; Св. Петар Милостив; Св. Јона презвитер;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Јона  5 октомври/22 септември  2025

Тропар на светиот Божји пророк Јона 5 октомври/22 септември 2025

Јона пророкот Божји денес го прославуваме о, верни, преку него ја видовме милоста Негова,Оној Kој човекот го создаде, Тој &...

Тропар на св. Христов апостол Кодрат  4 октомври/21 септември  2025

Тропар на св. Христов апостол Кодрат 4 октомври/21 септември 2025

Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,го посрами мудрувањето елинско,но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по...

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная