логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Со највисоки воени почести и последен поздравен плотун денеска се погребани посмртните останки на 11-темина припадници на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце при нивното враќање од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. 

На гробиштата Бутел во Скопје беа погребани потполковник Тони Спасовски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ и водниците Александар Тасковски и  Александар Васиќ, петмина од 11-те припадници на АРМ.

Посмртните останки на мајор  Горан Ристовски беа положени на гробиштата во скопски Камник, а на десетарот Златко Вељановски на гробиштата во Драчево.

Во Куманово попладнево погребани се водник  Мики Ивановски и капетан Бране Спасовски. На Градските гробишта во Струмица се одржа погребот на заставник  Славчо Василев, а во Гевгелијаа на капетан Игор Ѓоревски.

- Летавте на земјата како ангели на мирот, затоа го молиме Господ да ја продолжите мисија, но овој пат како ангели на небото, истакна командантот на воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Македонија потполковник Владимир Лазаров кој на гробиштата Бутел последен на погребната церемонија се прости со загинатите мировници од АРМ.

- Занемени сме од сознанието за вашата ненадејна и кобна судбина, која прерано ве оттргна од семејствата. Сочувствувајќи со преголемата болка на вашите најмили денеска се простуваме од вас и со сета почит која ја заслуживте, за се што направивте на професионален план, за другарскиот и коректен однос што го имавме со сите вас, се поклонуваме пред вашиот одар и се простуваме од вас пред вашето вечно почивалиште, рече нивниот командант.

- Горди сме што ве имавме како воени старешни и другари, но пред се како лица кои знаеја како професионалци и пријатели да ги споделат работните обврски, тешките моменти  и сите оние моменти за кои заеднички споделувавме радост и среќа. Вашата судбинска определба беше војничката професија воздухопловството во гарнизонот Петровец. Како воени старешини пред се посветени на својата должност, чесно и успешно ги извршувавте работните задачи за што добивавте највисоки признанија од вашите претпоставени, истакна потполковник Лазаров.

Командантот на воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Македонија прочита и телеграма од македонските мировници во Авганистан.

- Работевте како припадници на АРМ и ја извршувавте најблагородната задача која може да ја има човек и војник, донесување мир и благосостојба, се вели меѓу другото во телеграмата.

Последна почит на загинатите македонски мировници на гробиштата Бутел со положување венци им оддадоа претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана Лазар Еленовски, началникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски, партиски делегации ..., како и голем број граѓани.

На испраќањето на припадниците на АРМ во вечните почивалишта, покрај семејствата, роднини и пријатели на загинатите, присустваа и членови на Владата, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, министри за одбрана на повеќе земји, воени претставници на сите држави членки на НАТО, командантот на ЕУФОР генерал мајор Игнасио Мартин Виљалаин...

Единаесетте припадници на АРМ загинаа во саботата кога хеликоптертот МИ-17 со кој се враќаа во Македонија по шесмесечниот престој во мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина од засега непознати причини се урна кај селото Блаце во Катланово.

Владата на Република Македонија го прогласи денот на погребот на македонските мировници за Ден на жалост. Знамињата се симнати на половина копје, а сите настани и манифестации во земјава се откажани. Во Домот на АРМ во Скопје вчера се одржа комеморативна седница, а Министерството за одбрана отвори книги на жалост.

Извор: МИА


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная