Скопје, 11 септември 2012 год.- храм на св. Јован Крстител
На празникот во спомен на одсекувањето на главата на големиот пророк и претеча Јован Крстител, Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Деканот на Богословскиот факултет д-р Ацо Гиревски, и свештенството од Скопската епархија, во црквата свети Јован Крстител во Капиштец одслужи Архиерејска Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
„И денес постојат Ироди и Иродијади како олицетворение на злото. Тие не подбуцнуваат во кризи – пред сè морални. Најголемиот човек роден од жена, светиот Јован Претеча со својот строг и испоснички живот ни е светол пример и наша подкрепа како да опстоиме во овој и ваков свет. Затоа со причина се тврди дека денес тој е пожив од секогаш. Споменувањето на страшниот настан на одсекувањето на главата на големиот пророк и претеча Господин Јован постојат пишани сведоштва уште од петтиот век. ..“
За Преминпортал:
Ратислав Кардалев