логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 8 септември 2012 (МИА) - Република Македонија денеска одбележува 21 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...

Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 169 држави во светот, а под уставното име е призната од 133, меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.

Во изминатите 20 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - зацврстување на демократијата и интеграција во евроатлантските структури. Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.

И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и лани. Грција, по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името.

Дваесет и првиот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Владата организира голем концерт на „Филип Втори“ по повод 8. Септември

По повод одбележувањето на 21-та годишнина од независноста на Република Македонија, Владата организира голем концерт на Националната арена „Филип Втори“ на браќата Тавитјан на кој ќе настапат и многу македонски и балкански ѕвезди.

Централната прослава за Денот на независноста ќе се реализира преку концертот што ќе почне вечер во 20 часот, на кој ќе биде промовиран албумот „Македонското срце чука во 7/8“ на браќата Тавитјан. Претходно, во 19 часот ќе се одржи свечена академија во Македонската опера и балет.

Во 21 часот на „Филип Втори“ ќе биде интонирана македонската химна во изведба на Игор Дурловски. Потоа ќе следи концертот на триото Тавитјан, а на сцената заедно со нив ќе настапат Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Хари Варошановиќ, Александра Радовиќ, Борис Новковиќ, Нина Бадриќ, Тереза Кесовија, Дадо Топиќ, Аки Ракимовски, Горан Каран, Сергеј Четковиќ, Јелена Томашевиќ, Антонија Шола, Калиопи Букле, Каролина Гочева, Мики Јовановски Џафер, Ристо Самарџиев, Есма Реџепова, Влатко Лозановски, Владо Јаневски и Оливер Мандиќ.

Во продажба беа пуштени 70 илјади влезници по симболична цена од 20 денари, а сите посетители на влезот на арената ќе го добијат албумот „Македонското срце чука во 7/8“. Средствата од билетите ќе бидат дадени за хуманитарни цели, а целиот настан директно ќе биде пренесуван на Македонската радио телевизија и на видео бим на плоштадот „Македонија“.

Владата организира и бесплатен автобуски превоз до арената „Филип Втори“ од сите општини во државата по возен ред кој веќе е објавен во јавните гласила.

 

Доделена државната награда „8 Септември“ во областа на спортот

Во Владата на Република Македонија денеска на професор д-р Милош Вучидолов, долгогодишен лекар на македонските олимпијци, Хајруш Синани, тренер на боречкиот клуб „Лирија“, Александра Неделковска, претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија и на Бошко Заборски, селектор на македонската карате репрезентација им беше врачена државната награда за спорт „8 Септември“.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски наградата за животно дело во конкуренција од 13 пријавени на конкурсот му ја врачи на долгогодишниот работник во борење, Насе Насев.

Агенцијата за млади и спорт првпат од независноста на Република Македонија ја воведува оваа награда и се очекува таа да претставува мотив за  поголеми спортски достигнувања и резултати.

 

Пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство

По повод Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември денеска е пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во објектот со 9 илјади метри квадратни корисна површина ќе се сместат вкупно 467 лица, од кои 366 вработени во Министерството и 101 од Агенцијата за храна и ветеринарство. Проектот вреден 4,3 милиони евра е реализиран за две години.

Како што беше речено на отворањето со преселувањето на сите сектори и органи од МЗШВ на единствена локација ќе се зајакне административниот и управувачкиот капацитет на институцијата, ќе се обезбедат услови за ефикасно функционирање и квалитетно и навремено извршување на обврските.

- Големите празници се одбележуваат со големи настани. Што една генерација ќе остави зад себе е нејзин избор. Ние избравме да работиме посветено, одговорно, упорно и макотрпно, избравме да инвестираме во сите области на општеството и нашето живеење, да вложуваме за нашите граѓани. Ние оставаме дела со кои ќе се гордеат граѓаните. Тие се нашиот најголем мотив, истакна премиерот Никола Груевски пред пуштањето на новата зграда.

Министерството за земјодлество, напомена Груевски, дваесет години немаше свој објект, а оваа Влада го изгради за само две.

- Инвестирањето во нови објекти кои би ги задоволиле просторните и инфраструктурни потреби на институциите и потребите на нашите граѓани кои ги користат услугите, се наша заедничка заложба и од голем државен интерес. Нема повеќе да се губи време, ниту енергија. Нема повеќе да се оди од место на место. Граѓаните ќе можат да си ги завршат сите обврски на едно место, потенцира премиерот.

Владата, додаде, уште еднаш покажа дека и во овие услови на криза му дава несебична поддршка на градежништвото. Наместо да се отпуштаат, во овој сектор, еден од носечките на македонската економија, се бараат работници.

- Сите што работеа на овој објект но и огромен број други луѓе кои директно или индиректно се поврзани со проектите за изградба на новите државни институции, на патиштата, на станбените комплекси, на водоводите и канализациите, на болниците, на спортските сали, на фудбалските игралишта,..., сите тие обезбедуваат егзистенција за своите семејства. Тоа јасно ја потврдува исправноста на нашите политики и дополнително не стимулира да продолжиме со почнатите, но и со други, нови проекти, нагласи Груевски.

Според министерот за земјоделство Љупчо Димовски, новиот објект е изграден од квалитетни материјали, по европски стандарди. Капацитетот на зградата, нејзината работна површина од речиси 5 илјади метри квадратни и вредноста на вградената градежна опрема во однос на потрошените 4,3 милиони евра, или 481 евро по метар квадратен, покажува исклучителна рационалност и економичност во трошењето.

- Граѓаните, посебно земјоделците кои имаат најгоелма потреба од Министерството ќе добијат навремено, ефикасно и брзо завршување на нивните барања. Досега се случуваше по неколку пати на ден да одат од една до друга зграда за да го најдат секторот што им е потребен , да губат време и пари додека ја завршат работат. Сега е веќе поинаку, рече Димовски. 

Изградбата на новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е реализирана во рамки на Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ, со финансиска поддршка на Владата и на Светска банка.

На пуштањето во употреба на новата зграда присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и в.д. директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Денис Бошковски. мч/дма/12:00


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

« »

Православен календар

 

08/10/2025 - среда

Преп. Ефросинија; Преп. Сергеј Радоњежски; Преп. Ефросинија Суздајска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2025

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2025

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Тропар на светата Христова подвижничка Ефросинија 8 октомври/25 септември  2025

Тропар на светата Христова подвижничка Ефросинија 8 октомври/25 септември 2025

Господи, Господи сило незнаена,го создаде, го возљуби човека иго постави во љубовта Твоја,затоа дете кон Тебе прибегна – света Ефросинија,

Тропар на светата Христова великомаченичка Текла 7 октомври/24 септември  2025

Тропар на светата Христова великомаченичка Текла 7 октомври/24 септември 2025

Поучувајки се од Павловото словењеи утврдувајќи се во верата од Петар,ти од Бога повикана Текло, невесто Божја,се јави како првомаченица...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная