Стерлинг Хеигхтс, УСА
Американско-Канадската Епархија при Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија по 38ми пат го организираше својот годишен Епархиски Црковно Народен Собор. Домаќин на соборот беше Македонската Православна Црква Раѓање на Пресвета Богородица во Стерлинг Хајтс (Детроит), САД, во деновите од 31 Август до 2 Септември 2012 лето Господово. Во Неделата, на денот кога ги славиме светите мч-ци Севир и Мемнон и светиот пророк Самоил, беше отслужена прво Утринска Богослужба, а потоа Света Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-Канадски господин Методиј во сослужение со архиерејскиот заменик архимандридот Арсенеј, 24 свештеници, еден ѓакон и четири чтеици од оваа епархија. По Богослужбата Женската секција помогната со даренија на благочестиви македонци организира богата трпеза.