Los Angeles, USA -Овие денови на посета во нашата црковна општина е надлезниот епархиски архиереј на Американско-канадската македонска православна епархија господин Методиј. Причина да биде на оваа страна на Америка е празнуванјето на 30 годисниот јубилеј од купуванјето на местото каде се наоѓа и денес македонската православна црква Успение на Пресвета Богородица, а и самиот патронен празник на Мајката Божја.
Празнуванјето започна на 25-сабота со вечерна богослужба. По богослужбата архиерејот се сретна со младите од нашата црковна општина и беа разменети мислења за активноста на младите во црковниот и културниот живот.
Утредента на самата Архиерејска Литургија, црквата беше преполна. Одвреме навреме дури некои излегуваа за да им направат место на другите што подоцна пристигна да можат и тие да се помолат. По светата Литургија беше пресечен славкиот колац кој го подготви семејството на Цане и Снежана Царовски кои беа кумови за оваа година. Се избра и нов кум за идната 2013 година и од пријавените 12 души Господ сакаше кум да биде семејството на Игорце и Валентина Србиновски.
Прекрасната беседа, скромноста и тивкоста на Митрополитот Методиј ги плени срцата на сите присутни и како самите рекоа им ја зголеми радоста во празнувањето.
По молитвениот дел, следуваше банкет прослава на која беа доделени благодарници на сите поранешни претседатели, кои дел од нив и се упокоени како и првиот свештеник во оваа црковна опстина, отецот Борис Арсовски. Најмладите од црковното училиште се представија со духовни песни.Празнуванјето продолзи до доцните попладневни часови.
На самиот ден на Успението на Пресвета Богородица, негово Високопреосвештенство благоволи да одслужи света Литургија. Иако е работен ден, а Македонците живеат на растојание и од 100-тина километри од црквата, имаше задоволителна посета. По Литургијата, Архиерејот освети вода и го благослови лебот кој го принесе презвитера Марица. По заедничкиот ручек, верниците побараа благослов од нивниот духовен татко кој со избрани зборови ги поучцуваше сите овие денови и посакаа поскоро пак да се најде во нашата средина.
За Преминпортал
о.Ристо Ристовски
28 август 2012 год.