МАНАСТИР УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА - БЕРОВО (Преображение 19 авг 2012)
Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица “ во Берово, на 19 август 2012 г. на празникот Преображение се одслужи Света Божествена Литургија предводена од отец Фотиј. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата верниците се послужија со осветените овошни дарови, а отец Фотиј со поука во верата ни даде духовна храна.
Си спомнуваме на преображението на Нашиот Господ Исус Христос со што ни се предвестува и нашето воскресение. Тоа е целта до која треба да нѐ донесе смирениот христијански живот.Традициите (осветување на грозјето, овошјето итн.) се добри сѐ додека се во функција на зацврстување на верата. Но кога нашиот духовен живот ќе се исцрпи со ритуалното учество во литургијата, кога излегувајќи од црква ќе ги почнеме световните муабети – во истиот момент нѐ напушта примениот Христос и осиромашени наместо збогатени одиме дома.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев