логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Volf.Oshlis.press1.jpg

Скопје, 16 август 2012 (МИА) - Германскиот македонист и славист Волф Ошлис доби признание „Пријател на Република Македонија“ за неговата поддршка за промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот. Признанието денеска му  го врачи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која лично му се заблагодари за неговите заложби.

Volf.Oshlis.press.jpg

Ошлис е автор на преводот на „За македонските работи“ од македонски на германски јазик, објавен од „Македоника литера“, во кој има напишано и обемен предговор-студија за Македонија. Германскиот е шести јазик на кој е преведно капиталното дело на Крсте Петков Мисирков, покрај англиски, руски, чешки, грчки и француски јазик. Ошлис е автор или коавтор  на други книги на македонски јазик, меѓу кои и на штотуку објавената „ГерМакедонија“ посветена на заемните македонско-германски врски. Автор е и на издание од 30-ина страници во кое ја опишува Македонија од сите аспекти. Превел и голем број дела од македонската литература на германски јазик. 

 Volf.Oshlis.press1.jpg

- Професорот Ошлис е еден од најголемите пријатели на нашата држава во светот, промотор на македонскиот јазик и на македонската држава. Тој е автор и коавтор на многу дела преку кои се промовира научната вистина за Македонија, македонскиот јазик и државност во светот. Автор е и на првиот учебник по македонски јазик објавен надвор од границите на поранешна Југославија. Ангажманот и поддршката на Ошлис и на останатите научници-лингвисти, чиј интерес се темите кои се во самата срж на македонскиот идентитет, се од особено значење за Република Македонија. Тие се македонски амбасадори во светот, истакна министерката Канческа-Милевска на средбата со Ошлис во Министерството за култура.

- Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател во Македонија. Јас сум тоа од 1975 година до денес, најчесто како гостин на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, но и за други поводи. Како македонист во Германија, мора да бидеш новинар и сестран истражувач. Сега сум пензиониран, но уште имам сила, енергија и прилики да пишувам и да објавувам. Значи, ќе останеме во контакт јас и мојата Македонија, истакна Ошлис по примањето на признанието.

  Volf.Oshlis.press4.jpg

Нове Цветановски од „Македоника литера“, издавачот што ги објави „За македонските работи“ на германски и „ГерМакедонија“, рече дека Ошлис е меѓу најактивните македонисти и афирматори на македонската кауза и вистина во светот и еден од најголемите македонски пријатели.

Volf.Oshlis.press1.jpg

- Книгата на Мисирков тешко се преведува и не е објавена на многу јазици токму поради спецификата. Тоа го може само човек кој добро ги познава двата јазика и културната историја на Република Македонија, како и историскиот контекст кога е создавана таа книга.... Ошлис е и голем македонски патриот. Еден е од ретките кој се бореше за вистината за името на Македонија и, меѓу другото, има одржано прес-конференција во седиштето на Европската унија во Брисел за признавањето на Република Македонија под уставното име, рече Цветановски.

Волф Ошлис (1941) е македонист, славист, политички научник, новинар и експерт за Источна Европа. Работел во Институтот за источнонаучни и меѓународни студии во Келн и на  Универзитетот во Гизен. Денес е публицист за Источна Европа. Континуирано објавува статии посветени на Македонија. Почесен доктор на науки е на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добитник на годинашната награда „Духовен воин“, што ја доделува меѓународната манифестација „Македонски духовни конаци“ и ќе биде почесен гостин на претстојните Струшки вечери на поезијата. хс/са/13:07

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

15/07/2026 - среда

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград; Св. Јувеналиј, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная