Скопје, 8-ми август 2012 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Кондак на св. Параскева, глас 4.
Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го мракот на прелеста, и благодат неисцрпна им дава на верните, кои викаат: Радувај се маченице, многустрадална.
авва Макариј Александриски
Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа... Избавувајќи нè (со благодатта на Крштението) од секое насилие, Христос Господ не забранил помислите да се прикрадуваат во нашето срце, за да може едните како омразени на срцето веднаш да бидат истребени, а другите, како омилени, да останат. Со тоа се покажува и благодатта Христова и волјата човекова, т.е. неговата љубов – или кон подвигот заради благодатта или кон помислите заради самоугодување...
На 8-ми август 2012 година, во десеттата неделата по Педесетница, кога Светата Црква го прославува споменот на преподобната маченичка Параскева и преподобен Мојсеј Угрин, во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината на храмот, отец Трајче отслужи Божествена Литургија.На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2012