Преподобната девица Евпраксија
Ќерка на цариградскиот големец Антигон и роднина на царот Теодосиј Велики. Со мајка ѝ, којашто како млада остана вдовица, се преселија во Мисир давајќи прилози и молејќи се на Бога. Седумгодишната Евпраксија според својата горлива ревност се замонаши во еден женски манастир. Колку повеќе растеше толку потешки подвизи си наложуваше. Еднаш постеше четириесет дена. Се упокои во 413 година, во својата триесетта година. Имаше голема благодат Божја и исцелуваше од најтешки болести.
Спомен на Петтиот Вселенски Собор
Овој Собор беше во Цариград за време на царот Јустинијан Велики, во 553 година. На Соборот беа осудени сите монофизитски ереси, како и еретичките списи на Теодор Мопсуестски, на Теодорит Кирски и на Ориген (учење што се коси со воскресението на мртвите).