13.07.2012 год.
На 12. 08. 2012 година, на денот кога Светата православна црква ќе го чествува споменот на Преносот на моштите на Свети Климент Охридски, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во Согленскиот манастир, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, по што ќе се осветат новите манастирски конаци. Со Литургијата и со чинот на осветувањето на конаците ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит г. Агатангел и други членови на Светиот Синод на Македонската православна црква. Се покануваат сите верни чеда на Македонската православна црква, на овој ден да присуствуваат на овој свет чин во Согленскиот манастир, кој по милоста Божја и молитвите на Пресвета Богородица, привршува со возобновувањето и полека, но сигурно, го враќа својот сјај, кој го имал низ вековите.