Денес, во денот во кој Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија го прославува Рождеството на свети Јован Крстител, Архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан чиноначалствуваше на света Божествена Литургија во манастирот „Св. Јован Крстител“ - во Капиштец. На Литургијата во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Златко Малинов.
Извор: Скопска епархија