Во навечерието на празникот Рождество на св. Јован Крстител, Архиепископот г.г. Стефан заедно со игуменот Јосиф (новоизбраниот епископ Велички) отслужи Празнична вечерна и го изврши чинот на монашење во мала схима на расофорната искушеничка Мирјана (Харитина) Белевска во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка. Во манастирот сестра Харитина е расофорен искушеник од 2007. Има диопломирано на Природно-математичкиот факултет како инжинер по информатика и индустриска математика.
Побрзај да ми ги отвориш татковските прегратки, развратно го истрошив својот живот. Спасителе, сега не презирај го моето осиромашено срце кое го вперува погледот на непотрошливото богатство на Твоето милосрдие! Бидејќи кон Тебе милостивно Ти викам: Згрешив Оче на небото и на Тебе.
Од чинот на монашење (мала схима)
Извор: Скопска епархија