Сеноќно бдение со Божествена Литургија во Марков манастир
Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“, (Маркова Сушица), ноќта, петок кон сабота (29-30 јуни 2012 г.), на празникот на светите маченици Мануил, Савел и Исмаил, и преподобен Пиор, со почеток во 22:00 ч. се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По бдението, сестра Илијана – игуменијата на Манастирот и отец Атанасиј ги подкрепија верните со благослов, чај, колачи и топли зборови.
Не можеме да им служиме на двајца господари. Ќе робуваме на оној на кого му се покоруваме. Телото се бори против духот, а духот се бори против телото. Иако привидно целите им се исти, да се господари со човекот – плодовите им се битно различни. Телото како господар го уништува духот. Додека духот како господар ги исцелува телото и душата односно човекот станува ЦЕЛ.
Но, не можеме да се движиме во светов, а на нас да не падне прашина или да не се извалкаме. Затоа, да внимаваме гревот да не зацарува со нас. Да се измиваме редовно во покајание, исповед и причестување со Светите Христови Тајни и да го развиваме духовниот живот.
Preminportal
Ратислав Кардалев