Затворање на седмицата посветена на Светото Писмо
Во вечерните часови на 24. јуни 2012 г. во храмот на св. Ѓорѓи Победоносец во населбата Чаир во Скопје беше затворена „Седмицата посветена на Светото Писмо“ (18. – 24. јуни).
Беа представени поетските дела на: презвитер Никола Николески, Вера Симовска и Снежана Стојчевска. Духовната поезија беше подтик за уште неколку присутни да дадат свој поетски, гласовен и хорски придонес.
Иницијаторот – презвитер Ивица Тодоров, даде заклучок за активностите во Седмицата. Во споредба со минатогодишното прво собирање на овој проект, оваа година имавме поголема посетеност и интеракција со посетителите. Охрабрени сме на поголеми очекувања за следната година.
Преминпортал
Подготви: Ратислав Кардалев